Премиерот Никола Груевски вечерва по лидерската средба посочи дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ верува во народот и во неговата моќ да препознае кој работи за него. Народот, додаде тој, знае што се политички игри а што работа и дела.
„Ние веруваме во народот. Ние веруваме во неговите одлуки, дека знае да направи правилен избор и затоа ни беше важно колку што е можно побрзо да има избори и народот да може да си донесе одлука и да каже на кому му верува за понатаму. Народот знае да го препознае тоа, знае да препознае што се политички игри и интриги и нечесен начин и обид за доаѓање на власт а што е работење, правење проекти дела, реформи, отворање на нови работни места“ – изјави премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)