На вечерашните преговори меѓу политичките партии било договороено министерството за внатрешни да го предводи Оливер Спасовски од СДСМ, министер за труд и социјала да биде Фросина Ременски од СДСМ, заменик во финансии да биде Кире Наумов, заменик во земјоделие да биде Љупчо Николовски,и заменик во минситерството за информатичко општество да биде Александар Кирацоски.
Извори од преговорите брифираат дека премиерот Никола Груевски на преговорите инсистирал лидерот на опозицијата Зоран Заев да избере политички личности кои ќе сносат покрај морална и правна и политичка одговорност за своето работење. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, вели изворот, ќе имаат увид и без нив нема да се донесуваат одлуки.
Според извори блиски до преговорите, Заев не се одлучил за Ременски, Зечевиќ и Димовски за одговорната позиција во МВР бидејќи не бил до крај сигурен во нивната лојалност и компетентност. Предлогот Слаѓана Тасева да седне во оваа фотеља бил сфатен како несериозен.
Груевски изрази задоволство што се постигнати такви решенија, зашто, како што рече, опозицијата со полна политичка одговорност, односно со свои високи партиски функционери ќе треба да ја преземе одговорноста за ресорите со кои ќе раководи, „а не да се затскрива зад божемни експерти, а повторно анонимни членови на СДСМ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата