| четврток, 6 декември 2018 |

Избори ќе има, обидите на СДСМ да ги избегне доживеа дебакл

Liderska sredba zaev - gruevski 2014 (5) (Custom)
Датумот за вонредни парламентарни избори закажани за април наредната година останува. И покрај обидот на СДСМ, кој од петни жили се бореше да се одложат изборите, на 24 април народот ќе го даде својот глас. Опозиционата партија била стаавена во ќош од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, велат последните информации кои доаѓаат од Клубот на пратениците, откако вечерва беше постигнат конечен договор меѓу лидерите на политичките партии. СДСМ не успеа да избега од соочување со народот.

За време на преговорите жестока била кавгата помеѓу припадниците на радикалното крило на СДСМ блиско до СОРОС кое по секоја цена инсистирало на конфликт за да се избегне изборно соочување поради свесноста за нискиот рејтинг на Заев и СДСМ, и крилото кое немало избор на овие преговори. Според извори блиски од преговорите, најголем проблем биле превисоките очекувања кои ги поставило раководството на СДСМ.

Информациите велат дека околу МВР на опозицијата и се врзани рацете, промени не смее да има освен ако некој не прекршил закон, а доколку се случат тогаш веднаш настапува мерката врзан потпис меѓу две лица од власта и опозицијата.

Договорено е Законот за бомби да се донесе, забрана за објавување и казни за правното лице и изворот, а ќе се чека мислењето на Венецијанска комисија. Според извори од преговорите, СДСМ разговорите ги гледа и како начин да го пикне и обезбеди најтесното раководството на позиции и функции, па така првите адути и кадрови решенија на Заев се луѓе од неговото најблиско опркужување кои не се никаква новина.

Нов министер за внатрешни работи треба да биде Оливер Спасовски, сегашниот генерален секретар на СДСМ, а Фросина Ременски да биде нов министер за труд и социјална политика. Потпретседателот Александар Кирацовски ќе биде заменик-министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов заменик-министер за финансии и шефот на кабинет на Заев, Љупчо Николовски заменик-министер за земјоделие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top