| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ја забрзува репатрацијата на азилантите

азил

Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзините коалициски партнери денеска постигнаа согласност Берлин да ја забрза репатрацијата на барателите на азил чие барање било одбиено.

Германија за бегалците од Сирија и другите воени зони и натаму ќе биде „дозволен рај“, оние кои се сметаат за економски мигранти, мнозинството од земјите со безбедно потекло од Балканот ќе бидат враќани во рок од три недели, најави Меркел.

На денешниот состанок е договорен и нов, унапреден ИД систем и централна база на податоци за азилантите.

– Презедовме добар и важен чекор напред, изјави Меркел, во друштво на коалициските партнери Зигмунд габриел и Херст Зеховер.

Владејачката тројка постигна договор да се основаат три до пет нови регистрациски центри за барателите на азил, но и за оние за кои се смета дека имаат мали шанси да добијат дозвола да останат во Германија.

берлин веќе зазеде поцврст став кон барателите на зил од земјите кои не се во војна, што доведе и до нагло опаѓање на бројката на нивното пристигнување, посебно кога се работа за азилантите од Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top