| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу вработен во „Мекдоналдс“ и клиент (видео)

144984_1 (1)Неделава вработен во „Мекдоналдс“ и незадоволен клиент, си разменија неколку удари во брутална тепачка и сето ова е снимено на камера. Видеото е снимено од Габе Харт, друг клиент кој застанал за да си земе „Биг Мек“ во локалот за брза храна во Минеаполис, Минесота.
– Гладен бев и поминав покрај „Мекдоналдс“ да каснам еден „Биг Мек“, споделува Харт за „LiveLeak“. Отпрвин се нервирав дека човекот пред мене се задржа толку многу, а изгледаше и прилично незадоволен.
Изгледа дека при враќањето на кусурот вработениот во „Мекдоналдс“ испушти дел од парите на земјата. Тогаш човекот пред мене излезе од автомобилот, го плукна и се обиде да го удри работникот на „Мекдоналдс“. Тогаш почнав да снимам, вели Харт.
Според вработениот на „Мекдоналдс“, Бернард Робинсон, клиентот за сметка од 3 долари, платил со банкнота од 100 долара и се изнервирал дека бавно му го враќал кусурот. Потоа излегол од колата и го плукнал Робинсон во лицето.

На крајот полицијата го уапси 31 годишниот клиент. Подоцна тој е ослободен, но ќе се појави во суд под обвинение за напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top