| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен романот „Светицата и разбирачот“ на авторот Петар Петрески

Издавачката куќа „Слово“ го објави романот „Светицата и разбирачот“ од Петар Петрески, досега познат со расказите објавени во книгата „Чудесниот број три“ и со своите драми.

– Ова е прв роман на Петрески во кој, како и во неговите раскази, се среќаваат фантастичното и стварното. Во поговорот на книгата Трајче Крстески пишува дека користејќи едноставни потези и форми, низ комбинација на повеќе книжевни постапки, Петрески успешно нè води низ една речиси фантасмагорична фабула. Со збиеноста, со густината од мисли, идеи и содржини, тој предизвикува ефекти суштински за уметноста – зачуденост и фантазија, информира издавачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top