Првиот слалом во новата сезона во машка и женска конкурецнија што беше закажан во Леви, Финска на 14 и 15 ноември е откажан поради високите температури.
– Во Леви имаме ефектен состав за правење на вештачки снег и многу искусна екипа која тоа ги прави на најдобар начин. Но, временските услови не дозволуваат тоа да се стори – изјави Јане Пелконен, генералниот секретар на организацискиот одбор на трката од Светскиот куп во Леви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.