Затоа е „специјален“. Жозе Мурињо е главната ѕвезда во тимот на Челси. Иако многумина мислат дека тој досега требаше да добие отказ од раководството на Челси, сепак навивачите кои се една од главните алки во тимот, му укажаа доверба и тоа токму на натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Киев во кој славеше Челси со 2-1.
Неверојатните овации од трибините и скандирањето на неговото име проследено со бројни транспаренти на кои ја изразуваат подршката од Мурињо, предизвика бура од реакции во јавноста и секако до Жозе кој едвај ги котролираше емоциите.
– Ова што го направија за мене. Тоа не е нормално“ – го почна Мурињо своето излагање на прес-конференцијата по синоќешната победа од 2-1, видно трогнат од поддршката од трибините.
– Во ваков момент, не само поради лошите резултати, но и поради се што може да видат во медиумите, по телевизиите, преку стручните коментари… Оваа поддршка… Ова навистина не е нормално. Се сеќавам на првиот натпревар по враќањето во Челси, беше тогаш неверојатно, но не може да се спореди со ова. Се сеќавам и на еден натпревар кога водевме со 4-1 на ’Енфилд’ а навивачите на Ливерпул се уште пееја. Ова е сличен момент за Челси. Не знам како да им се заблагодарам на навивачите. Единствено што може да им ветам е дека до мојот последен ден во овој клуб, дали уште четири или 15 години, ќе се давам целиот себе, до последна капка, за нив и за клубот – под силни емоции зборуваше Мурињо на синоќешната прес-конференција.
The fans love Jose Mourinho! We love him! #TheSpecialOne #OneOfUs #CFC pic.twitter.com/dxTTyR7Vud
— Jay Thakker (@thakkerjay) November 4, 2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.