Романскиот претседател Клаус Јоханес денеска го именуваше министерот за образование Сорин Кимпеану за времен премиер на Романија, по вчерашната оставка на досегашниот прв човек на Владата, Виктор Понта.
– Ја прифатив оставката на премиерот Понта и решив да го именувам Сорин Кимпенау за времен премиер. Веќе ги потпишав двете решенија – изјави Јоханес.
Како што јави Аџерперс, Јоханес најави дека денеска и утре ќе одржи консултации со полиитчките партии во врска со изборот на нов премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.