Освен што е најдобра тенисерка на светот, Серена Вилијамс не пропушта можност да им одговори на критичарите кои сметаат дека нејзиното тело не е женствено.
Секој пат кога ќе се појават таквите критики Серена го користи својот налог на социјалната мрежа Инстаграм да им покаже дека е токму спротивно.
-Научив да се сакам себе си. Ваква бев целиот живот но конечно научив да се сакам и прифатам токму таква каква сум – кажала тенисерката одговарајќи на критиките.
-Го обожувам својот изглед. Обожувам што сум жена во секоја смисла на тој збор и што сум убава и силна во исто време – додала најдобрата тенисерка на светот.
Токму затоа таа нема проблем на овој начин да ги замолчи сите оние кои мислат дека тенисерката не е убава или женствена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.