| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Илиевски се повреди, следува пауза од неколку недели

Македонскиот интернационалец Владо Илиевски ќе мора да паузира неколку недели откако на последниот натпревар за својот нов клуб Капо Орландина баскет против Варезе го повреди бутниот мускул.
Одличниот плејмејкер веднаш се наметна како лидерот на тимот и многу ќе недостасува во составот на својот тим за следните неколку натпревари во италијанското првенство.

– Владо Илиевски има проблем со мускулот на левата нога и ќе мора да паузира извесно време. Во следните денови врз него ќе бидат извршени нови прегледи кои ќе покажат колку долго тој ќе мора да отсуствува од терените – објавија од Орландина баскет.

Македонецот е трет асистент во најсилната италијанска лига со просек од 6,8 додавања на натпреварите на својот тим и го сврте вниманието врз себе иако има 35 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top