| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел стравува од војна на Балканот, „Њујорк тајмс“ ја фали соработката меѓу Србија и Хрватска

бегалци3

Истиот ден кога германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост дека може да дојде до вооружени судири на Балканот ако Германија ги затвори границите за бегалците, угледниот „Њујорк тајмс“ објави текст во кој се фали успешната соработка меѓу Хрватска и Србија при транзитот на бегалците.

Во репортажата од Шид потпишана од извесен Метју Брунвасер се наведува дека „двете некогаш завојувани држави склопиле редок договор со кој се олеснува патот на бегалците во Европа, така што им се обезбедува превоз со воз преку државната граница за да им се поедностави патот низ Западен Балкан, кој е инаку регион познат по застоите, хаосот и бедата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top