| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници демонстранти во Букурешт, по несреќата во ноќниот клуб

Повеќе од 13.000 луѓе, според романските власти, вечерва протестираа пред зградата на Владата во Букурешт барајќи оставка од премиерот Виктор Понта и министерот за внатрешни работи  Габриел Опрја поради пожарот во ноќниот клуб при што загинаа 32 лица.

Демонстрантите извикуваа „Понта оставка!“, „Опрја оставка!“ и „Убијци!“. Тие исто така побараа оставка и од градоначалникот на 4. реон на Букурешт, каде се наоѓа ноќниот клуб „Колектив“, каде избувна пожарот.

Ноќниот клуб бил отворен во поранешна фабрика за обувки во центарот на Букурешт и ги немал потребните дозволи за организирање на концерти, како и за изведување на пиротехнички спектакли.

Во пожарот што изби во петокот за време на концерт, 26 луѓе загинаа на место, а приближно 200 беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top