Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ ги демантира написите во некои медиуми дека во Македонија се увезуваат небезбедни јајца од Србија.
– Агенцијата за храна и ветеринарство одговорно и аргументирано тврди дека на македонскиот пазар нема небезбедни јајца, ниту од Република Србија ниту од домашно производство. Јајцата коишто се увезуваат од Србија ги исполнуваат сите безбедносни критериуми, а тоа е потврдено со заемно признатите ветеринарни сертификати за безбедност помеѓу Република Србија и Република Македонија, како и со пропратните лабораториски анализи од акредитирани лаборатории во Република Србија, соопшти Агенцијата.
Институцијата појаснува дека при секој увоз на јајца на самиот граничен премин официјален ветеринар врши контрола на безбедноста и обележувањето на јајцата, а дополнителна контрола се врши и при истовар кај операторот увозник на јајцата од страна на официјален ветеринар-инспектор.
– До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство нема констатирано неусогласености во безбедноста и означувањето на увезените јајца, наведува Агенцијата. Посочува и дека на оваа тема со Групацијата за живинарство минатата недела во Стопанската комора на Македонија одржала три состаноци со жининарски фарми, на кои директорот Зоран Поповски истакнал дека исполнувањето на безбедносните критериуми на увезените јајца во Македонија е еднакво со безбедносните критериуми на јајцата од домашно производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Слободно јадете јајца, нема ризик од срцеви заболувања
-
Што да правите вишокот јајца од Велигден?
-
Прегледајте ги убаво вапсаните јајца: Ако го има ова на вашето велигденско јајце ќе ве следи среќа цела година
-
Велигденска традиција: Во Тиквешко се закопуваат велигденски јајца крај виновите лози