Патничко моторно возило удрило во пешак, дете, на пешачки премин во Штип. Сообраќајната несреќа се случила денеска попладне во населбата „Сењак”.
Од СВР Штип за „Република“ велат дека полицискиот увид е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали за несреќата.
Според првичните информации на локалниот портал „Во Штип“ од Итната медицинска помош во Штип, детето претрпело повреда на колкот и е задржано на понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.