Момче и девојка се пронајдени мртви вчера во мотел што се наоѓа во индустрискиот дел на Битола. Тие собата ја изнајмиле на 24 октомври, а нивните безживотни тела ги пронашле вработените. Тие случајот во полиција го пријавиле вчера откако забележале дека момчето и девојката подолго време не излегуваат од собата.
Од СВР Битола за „Република“ го потврдуваат настанот и откриваат дека станува збор за 33-годишниот Ѓ.И. и за 27-годишната К.И. и двајцата од Битола.
На местото на настанот е извршен увид, а телата се предадени на обдукција, по што ќе се знаат повеќе детали за причините за смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.