| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ прими нови членови

Калина Малеска, Адем Абдулаху, Јулијана Величковска, Јовица Илиќ и Ерол Туфан се нови членови на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа одлука ја донесе Претседателството на ДПМ на предлог на комисијата за прием на нови членови во состав: Кочо Топузоски (претседател), Ресул Шабани и Борче Панов.

Со ова Друштвото на писателите на Македонија продолжува да го подмладува својот состав. Последните неколку години членови на ДПМ станаа низа автори, припадници на помладите генерации, меѓу кои: Жарко Кујунџиски, Дејан Трајкоски,  Елена Пренџова, Атанас Чупоски, Филип Клетников, Делвина Керлуку, Марина Мијаковска, Рифат Емин, Марта Марковска, Иван Антоновски, Игор Крајчев, Никола Илијовски, Милица Пашоска, Стефан Марковски, Александра Велинова и Давор Стојановски.

Друштвото на писателите на Македонија е асоцијација на уметници со најдолга и најбогата традиција во земјата. ДПМ е формирано во 1947 година и досега во него членувале 520 писатели од сите генерации, чиишто творечки опуси се реализираат во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката, книжевната наука и литературата за деца. Од 2003 година ДПМ е член на Европската писателска асоцијација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top