Австриските власти се во зголемeна готовност откако од ОБСЕ добиле предупредување дека терористи на Исламска држава плаќаат по 10 илјади евра за разоружување полицајци и војници.
Австриските власти таа информација ја добиле од ОБСЕ и, според дописот, ИД плаќа парична награда за службено оружје, објави „Кронер цајтунг“.
МВР и МО на Австрија издале интерно предупредување до своите службеници.
„Ги предупредуваме сите единици да се грижат за сопствената безбедност и да бидат внимателни со емигрантите“, се вели предупредувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.