| четврток, 6 декември 2018 |

Секој ден нов рекорд во НБА, Леброн најмлад играч со 25.000 поени (видео)

lebron dzejms

Синоќа во НБА лигата беа одиграни седум натпревари. Вечерта ја одбележеаа првите победи на Хјустон и Милвоки во новата сезона и секако рекордот на „кралот“ Леброн Џејмс кој е најмладиот играч кој постигнал 25.000 поени. Тоа се случи во победата на Кливленд над Филаделфија од 107-100, а Леброн придонесе со 22 поени.
Овој рекорд најдобриот играч на Кливленд го направи на 30 години и 307 дена, а го мина досегашниот рекордер Коби Брајант кој долго својот рекорд го држеше со 31 година и 351 ден.

Џејмс Харден конечно се разбуди и со 37 поени го водеше Хјустон до победа над Оклахома од 110-105, а Голден стејт вориорс тотално го декласираа Мемфис победувајќи со 119-69.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top