| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани бројни летови низ Европа поради магла

Густата магла и слабата видливост, што е регистрирана во повеќе делови од западна и централна Европа, предизвика сериозно нарушување во денешниот авионски сообраќај.

Лошото време, предизвика одложување на летовите на десетина аеродроми во неколку европски земји.

Најтешко беа погодени аеродромите во Лондон, Париз, Амстердам, Франкфурт, Берлин и Брисел, каде видливоста намали на помалку од сто метри.

 

Лондонскиот аеродром Сити, во источниот дел од британскиот главен град, покрај Темза, е целосно затворен и ќе остане така до крајот на денот.

Маглата предизвика откажување на десет отсто од летовите на најголемиот аеродром Хитроу, додека сериозни проблеми во одржување на сообраќајот има на аеродромите во Манчестер, Лидс-Братфорд, Глазгов, Кардиф и Белфаст.

Авиокомпанијата „Изи-Џет“ соопшти дека поради слабата видливост низ Европа, може да се случи нарушување во нејзиниот возен ред на летање, да трае во текот на целиот ден.

Ситуацијата на аеродромот во германскиот град Диселдорф, денеска беше посебно искомпликувана по откривањето на неексполдирана бомба од Втората светска војна, што предизвика дополнителен застој во сообраќајот.

Медиумите јавуваат дека целиот ден, врвот на париската Ајфелова кула не може да се види од маглата, која предизвика аеродромите во францускиот главен град, да бидат меѓу најпогодените од денешното лошо време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top