| четврток, 6 декември 2018 |

Грабната Србинка, лажно им ветувала на Македонци дека ќе ги носи во Германија

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.Р.(44) од Штип, М.Л.(44), Р.Л.(24), двајцата од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“и Ш.Д.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“.

„Пријавените, на 8-ми минатиот месец околу 14,00 часот, во Куманово во непосредна близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, со патничко возило „фолксваген“, управувано од Ш.Д. се паркирале пред патничко возило „Рено меган“ управувано од Б.А. од Р. Србија во кое била М.С.(40) од Р. Србија, при што З.Р. М.Л. и Р.Л. поради тоа што истата претходно им зела пари ветувајќи им дека ќе ги носи во Германија, истите насилно ја внеле во нивното патничко возило и заминале од местото на настанот за да им ги врати паричните средства, информираат од полицијата.

По кратко време во кумановската населба Карпош истите се сопрени од страна на полициски службеници и приведени во СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top