| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот карван продолжува во Радовиш

            Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Радовиш. На 6 и 7 ноември, во рамките на традиционалната манифестација „Караманови средби“, во Радовиш ќе настапат 20 истакнати поети на ДПМ од различни генерации. На средбата ќе учествуваат и поети од Турција, Словенија, Србија и Бугарија.

Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Свети Николе, Куманово, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, Македонски Брод, Демир Хисар, Лазарополе и општина Илинден, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Поетскиот караван на ДПМ ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“, што е составен дел на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top