Романското Обвинителство започна истрага против тројцата сопственици на ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, под обвинение за убиство без предумисла и предизвикување на телесни повреди.
Тројцата сопственици на ноќниот клуб денеска дадоа изјава за пожарот што изби во петокот во „Колектив“ при што загинаа 30 лица, а 180 се повредени. Околу 90 лица сѐ уште се во болница во тешка или во критична состојба.
Сведоците посочија дека искра од пиротехничкото шоу на хеви-метал групата го запалила декорот на сцената, а ноќниот клуб имал само еден излез.
Специјалисти од Израел и од Франција денеска пристигнаа во Романија за да помогнат во лекувањето на настраданите во пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.