| четврток, 6 декември 2018 |

Започната истрага против тројцата сопственици на ноќниот клуб во Букурешт

позар

Романското Обвинителство започна истрага против тројцата сопственици на ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, под обвинение за убиство без предумисла и предизвикување на телесни повреди.

Тројцата сопственици на ноќниот клуб денеска дадоа изјава за пожарот што изби во петокот во  „Колектив“ при што загинаа 30 лица, а 180 се повредени. Околу 90 лица сѐ уште се во болница во тешка или во критична состојба.

Сведоците посочија дека искра од пиротехничкото шоу на хеви-метал групата го запалила декорот на сцената, а ноќниот клуб имал само еден излез.

Специјалисти од Израел и од Франција денеска пристигнаа во Романија за да помогнат во лекувањето на настраданите во пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top