Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер славеше во финалето на турнирот во Базел со 2-1 во сетови против неговиот вечен ривал, Рафаел Надал.
Тој има причини да биде задоволен бидејќи го освои седмиот трофеј во родниот град и 88 во кариерата. Воедно ова беше дури 34.дуел меѓу овие два тенисери и само 11.победа на Федерер.
– Ова е посебен ден за мене, и веројатно најдрагата и највредната победа во Базел – изјави Федерер по мечот, кој успеа да го победи Рафа по три и пол години пауза.
– Минаа повеќе од 600 дена по последната победа над Рафа. Многу работи се случија во меѓувреме. Денеска имав добар план како да дојдам до победата – дополни Федерер.
Надал продолжува со подобрување на својата игра и не беше разочаран од поразот во финалето.
– Загубив од можеби најдобриот тенисер на светот на сите времиња, но бев блиску до победата. Побеедите против Димитров, Гасќе и Чилиќ се добри вести за мене – изјави Надал кој сега води со 14-7 против големиот ривал во финалните дуели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.