Терористите на „Исламска држава“ на интернет вчера поставиле снимка на која наводно се гледа уривањето на патничкиот авион „ербас А321“ на руската компанија „Колавија/Метроџет“, над Синајскиот Полуостров.
Од друга страна, официјална Москва, како и Каиро и понатаму тврдат дека авионот не го собориле терористи, туку дека првите податоци покажуваат дека паднал поради техничка грешка. Меѓутоа, поради страв од исламистите, летовите над Синајскиот Полуостров ги суспендираа компаниите „Луфтханза“, „Ер Франс“ и „Емирејтс“.
Видеото кое џихадистите го поставиле на интернет прикажува авион во лет, експлозија и потоа вертикален пад во пламен и дим. Засега никој не може да потврди дали снимката е автентична, но се појавија уште некои тврдења за експлозија во воздух, така што мистеријата ќе се реши по прегледот на двете црни кутии кои се пронајдени без поголеми оштетувања.
Професорот Мајкл Кларк, британски воздухопловен експерт, верува дека авионот паднал поради терористички напад.
– Тврдењата дека авионот бил преполовен во воздух, укажуваат на тоа дека веројатно не паднал поради механичка грешка, туку заради експлозија на бомба во самиот авион. Не е забележан повик за помош, ниту пилотот јавил дека им проблем со моторот – вели Кларк.
Сепак, ни во Москва, ни во Каиро, никој не сака прерано да го оквалификува падот на авионот како терористички напад.
„Ербасот“ на руската компанија „Когалимавиа“ се урна на Синајскиот Полуостров во саботата, 23 минути по полетувањето од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург. Во несреќата загинаа сите 224 луѓе во авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)