Еден од најуспешните, но и најозборуваните артисти на социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови.
Тајзи го претстави спотот за песната „Се ми е со тебе“ кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека музиката е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да излезе наредната година.
-Ова е една од песните кои ми стојат од поодамна и мислам дека сега и дојде време да ја промовираме. Во есен и зима се слушаат песни за гушкање. Инспирација за ваква песна ми се сите парови кои не се срамат и плашат да си покажат колку се сакаат и си значат и како што кажува самиот текст- животот е клише ако не си зближен со жената која си ја сакал највише- вели Тајзи во врска со новата песна “Се ми е со тебе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)