| четврток, 6 декември 2018 |

Најчудните забрани во некои земји во светот

1a9ee4610c2d6dd92d02b67aa84ed411_big

Комбинацијата од политички фактори, култури, религии, но и превенција за здравствената состојба на населението, доведе до забрана на следните работи во некои делови од светот.
Во Русија се забранети француските сирења
Како одговор на санкциите наметнати од западните земји во врска со украинската криза, во август 2014 година руските власти забранија увоз на одредена стока, меѓу која и француски сирења од Европската унија, САД и од другите западни земји.
Во Канада се забранети детските дубаци за проодување
1549-thickbox_default

За време на истражувањето направено од канадски научници во 2004 година, е утврдено дека детските дубаци не се корисни за децата. Поголемата подвижност на детето, може да предизвика најразлични повреди на главата, коските, може да дојде дури и до смртни случаи.
Во Иран се забранети кукли во излозите
barbi_burka1

Со растечкото влијание на Западот во 2009 година, Иран забрани да се ставаат кукли во излозите со извајани форми и особено ако не носат хиџаб.
Во Северна Кореја се забранети фармерките
Young woman buttoning jeans

Фармерки се сметаат за симбол на САД и поради оваа причина нивното носење се смета за нелегално.
Во САД се забранети чоколадните јајца „Киндер“
CNSPhoto-Schmidt-Kinder

Во познатиот деликатес се крие детска играчка и од гледна точка на безбедност тие се забрануваат во САД. Се смета дека малите деца би можеле да ги голтнат.
Во Сингапур се забрануваат гумите за џвакање
original

Во Сингапур никогаш не било забрането да се џвака гума за џвакање, но поради нивното тешко отстранување од улиците, од 1992 година увозот и продажбата на гуми за џвакање е забранет.
Во Тајланд е забранет филмот „Ана и кралот“
Филмот е забранет поради тоа што во него се навредува тајландската монархија и не се претставува вистинската историја на земјата.
Во Саудиска Арабија се забранети маските
20141120-simbolot-na-mokj-ednakvost-pravda-i-vetuvanje-za-promena-1

Во 2013 година, Саудиска Арабија забрани увозот и продажбата на маски со ликот на Гај Фокс, кој е протагонист во филмот „О за одмазда“. Денес законот важи за сите маски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top