Директората на Светската банка за југоисточна Европа, Елен Голдстејн, во интервју за тиранската телевизија „Топ чанел“ ѝ препорача на Албанија да се огледа на Македонија при реформите во економијата и при создавањето деловна клима, јави дописникот на МИА.
– Повеќето балкански земји се некаде на средината на светското подредување на економиите и тоа не е доволно. За да бидеш светска дестинација за инвестиции, треба да бидеш една од најдобрите. Од оваа гледна точка, многу е интересно да се види вашиот сосед Македонија, која оваа година е рангирана 12. во светот и постојано е меѓу 25-те или 30-те први земји во светот. Ова е еден стандард кој може да го постигне секоја земја на Балканот, доколку ги забрза реформите. Огледајте се на Македонија. Сметам дека и Албанија може да го направи тоа ако ги забрза реформите- изјави Голдстејн.
На прашањето кои се препораките на Светската банка за албанската влада, таа одговори дека тоа се забрзување на реформите во областите каде што има слабости.
– На прво место се дозволите за градба. Сега кога административно-
Освен енергетиката и даноците, две други области каде што, според неа, треба да се продлабочат реформите, се имотните прашања и системот на закони.
– Ова се области каде што бирократијата создава доцнење во време и предизивкува поголеми трошоци. Паралелно таа создава можности за корупција, што е товар за бизнисот. Ние работиме со Владата, помагаме во реформите, зашто Владата навистина има потреба од двојно зголемување на напорите за да ја издигне високо земјата- смета Голдстејн.
Според иввештајот на „Дуинг бизнис” на Светска банка, Албанија е на 142. место меѓу 189-те земји во светот или изгубила 35 места, што предизвика низа политички дебати и остри критики до актуелната влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.