Женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар денеска во рамките од третото коло од Лигата на шампионите пред своите гледачи го пречекува данскиот шампион Митјиланд.
По неочекуваниот пораз во првото коло во СЦ „Јане Сандански“ од унгарскиот Ѓер, и лесната победа над Хипо во Виена, избраничките на Индира Кастратовиќ посакуваат со победа се вратат во серија и да докажат дека се еден од најдобрите тимови во Европа кој посакува оваа сезона да се искачи на тронот.
Митјиланд е вистинско мерило за квалитетите на вардарки бидејќи е неприкосновен во својата земја, и е постојан учесник во завршницата на Лигата на шампионите. Токму данките направија изненадување во второто коло, славејќи победа над Ѓер на гостински терен.
Во таборот на „црвено-црните“ е Јан Питлик кој беше дологодишен селектор на Данска и добро ги познава квалитети на играчите на Митјиланд.
Сите изјавуаат дека партијата против Ѓер е најлошото од тоа што може да го одиграат и секако се надеваат на победа и искачување на врвот на табелата во групата Ц. Сите играчки се здрави па така Вардар ќе истрча на теренот во најсилниот состав, за разлика до Митјиланд кој допатува со само 10 ракометарки и две голманки.
Ова ќе биде четврта пресметка меѓу Вардар и Митјиланд во Лигата на шампионите, откако пред една сезона двапати се сретнаа во групната фаза и еднаш во дуел за трето место на фајналфорот во Будимпешта. Вардарки двапати победија, а Митјиланд славеше само во Данска, но сите три меча завршија со тесен резултат и со највисока победа од три разлика.
Очекувано Ѓер лесно славеше во третото коло против Хипо, а тоа е шанса за Вардар во случај на победа со повеќе од пет голови разлика да го заземе и првото место на табелата.
Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 15.15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.