Денеска со почеток од 14.30 часот ќе се одигра големото финале на тенискиот турнир во Базел, домот на најголемиот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер. Токму Швајцарецот е бранител на трофејот од минатата сезона и ќе се обиде да го одбрани, но спроти себе за првпат по речиси две години ќе го има можеби и најголемиот ривал во својата кариера, Рафаел Надал.
Вистинска тениска класика во која ќе можат да уживаат вљубениците во белиот спорт во целиот свет. Во минатото овие дуели предизвикувале еуфирија и најчесто се случувале на некој голем турнир или пак се одлучувало за првото место на светската АТП-листа. Сега на врвот е неприкосновен Новак Ѓоковиќ кој кариерата ја градеше учејќи токму од овие двајца.
Последен пат се сретнаа во полуфиналето на гренслемот во Австралија во полуфиналето кога Надал беше супериорен со 3-0 во сетови. Федерер последната победа против Рафа ја освои дури пред три и пол години кога во полуфиналето беше подобар со 2-0 во сетови во полуфиналето на мастерсот во Индијана Велс.
Надал е убедливо подобар, води со 23-10. Со оглед на тоа што Федерер има осум титули на турнирот во Базел, можеби денеска ќе дојде крајот на серијата на Надал од пет победи по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


