| четврток, 6 декември 2018 |

Експресна реакција на институциите: Спасов оствари средба и се обезбедиja парични додатоци за детето со церебрална парализа (видео)

spasovБрза реакција на институциите по вчера објавено отворено писмо од семејството Доневски до Премиерот Груевски во кое мајката на Мартин Доневски имаше повеќе забелешки околу исполнување на одредени социјални бенефиции и права. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов уште истиот ден ја прими мајката во министерството за труд и социјална политика при што се разговарало за нејзините забелешки наведени во писмото, како и за нејзини сугестии и проекти кои ги реализира министерството а се во насока на поддршка на луѓето со пречки во развојот.

Семејството Доневски се стекнало со правото за помош и нега на трето лице а во процедура е и стекнување на право на мобилност.

На самата средба на Доневска и беше врачено решението за остварување на парично право за помош и нега на трето лице  без потреба за повторна обнова на документацијата, односно стекнување на трајно парично право што ќе го остварува за своето дете со церебрална парализа во износ на 4 200 денари месечно, што и беше барање на самата мајка. Дополнително во процедура е и стекнување на парично право за мобилност од околу 7 000 денари месечно кое што очекувам следната недела да се заврши процедурата, и да добие дополнителна финансиска поддршка или во вкупен износ од двете права поддршка од 11 500 денари, изјави по средбата министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Исто така на состанокот се разговарало и по однос на забелешките која мајката на Доневски ги имала околу системот за остварување на овие права, и во делот на трансферот на посебен додаток кој го остваруваат родителите на деца со пречки во развојот до 26 години, процес кој не е променет во изминативе дваесетина години во смисла на предизвиците кои се соочуваат родителите при трансфер на ваквото право и процедурите кои се потребни и трансферот на ваквото право во право за помош и нега на трето лице кога овие деца ќе наполнат 26 години, како и остварување на правото за скратено работно време односно надоместок за скратено работно време на родителите на деца со пречки во развојот.

“Досега ова право за паричен надоместок од 4 200 денари го остваруваат сите родители од оваа категорија за скратено работно време и тоа важи за деца до 26 години, но ние сме во комуникација со неколку здруженија и национални сојузи има барање да се продолжи времетраењето односно опфатот на родителите кои што имаат и постари деца со пречки во развојот. Се анализира и разгледува како постапка од министерството за труд и социјална политика и очекувам во наредниот период да доставиме предлог до владата на РМ и некаде во 2016та година да се реализира ваклвата можност” изјави Спасов.

Исто така на состанокот било договорено и средба на родители кои имаат слични предизвици со цел да се слушнат нивните потреби, сугестии и предлози и да ги земеме во предвид при реализација на програмата на работа на министерството и владата на РМ.

-Сето она за што има можност ќе биде реализирано и направено покрај бројните проекти кои што во моментот се рализираат како што се зголемување на паричните права што се реализираат оваа година, како што е посебниот додаток кој се зголеми за 25% за примателите на социјална и постојана парична помош кои имаат деца со пречки во развојот, минатата година се направи зголемување на додатокот за самохраниродители на деца со пречки во развојот зголемувајќи го паричното право за 50%. На оние кои што се над 26 години а се со пречки во развојот а се движат со помош на количка им следува и додаток за мобилност право кое се спроведува од 2012 година и е во висана  од 7 илјади денари, изјави министерот Спасов.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top