Екипата на Интер славеше минимално со 1-0 во дербито против Рома на „Џузепе Меаца“ во борбата за врвот на табелата во Серија А во рамките од 11.коло. „Нерозаѕурите“ со погодокот на Медел во 31.минута стигна до минималниот триумф против Рома, но сосема доволен за да дојде на лидерската позиција, токму на местото на „волчицата“.
Единствениот погодок на дуелот Медел го постигна на асистенција на Стеван Јоветиќ, што значеше и повеќе од значајни три бода.
Inter vs Roma 1-0 All Goals & Highlights 31.10… by tony-hoksa
Рома која ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар може да жали за пропуштеното, бидејќи имаше неколку стопроцентни шанси за гол. Сепак по исклучувањето на Миралем Пјаниќ во 73.минута Рома се помири си поразот.
За одбележување на овој натпревар е фантастичниот голман на Интер, Самир Хандановиќ кој оваа сезона брани маестрално, а тоа го покажа и во овој дерби дуел успевајќи да ја сочува својата мрежа.
„Нераѕурите“ сега имаат 24 бода на табелата, еден повеќе од сега второпласираната Рома. На делба на третата позиција со по 21 бод се Наполи и Фиорентина кои своите натпревари од ова коло ги играат утре против Џенова односно Фросиноне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)