| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар веќе не е добар за Пеле

Пеле, фудбалската легендата од Бразил оцени дека младата ѕвезда Нејмар не ги поседува сите предиспозиции за да стане голем играч, иако тој досега одигра 67 меча и постигна 26 гола, а далеку е и од неговите 250 гола, и тоа само на 23 години.

-Нејмар е ударен напаѓач кој делува на предната страна и неговата функција е многу конкретна и ограничена. Тој не е самостоен, не ги организира нападите, не ја гради играта и не учвествува во истата. Секако, тешко ми и е да го споредам со големите играчи од минатото, но тие, како што народот тоа го вели, биле многу сестрани- изјави Пеле.

Ваквите оценки на Пеле не изненадија никого, бидејќи тој најчесто ги коментира денешните играчи споредувајќи ги со себе. Но, интересно е дека Пеле го фалеше Нејмар додека играше во Сантос, а откако дојде во Европа, Нејмар веќе не е добар за Пеле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top