| четврток, 6 декември 2018 |

Незапирливиот тандем Вестбрук-Дурант победи по две продолженија против Орландо (видео)

rasel vestbruk

Феноменалниот тандем на Оклахома Расел Вестбрук и Кевин Дурант беше творецот на победата на својот тим против Орландо од 139-136 дури по две продолженија кои постигнаа 48 односно 43 поени.
Орландо одлично го започна натпреварот и создаде висока предност која на крајот од третиот период гласеше 18 поени предност. Во последниот период Оклахома влезе во речиси невозможна мисија да ја анулира предноста и да се избори за победа.
Во последниот период гостите одиграа маестрално постигнувајќи дури 42 поени и со тоа го одведоа натпреварот во продолжение. Домаќините имаа предност од три поени на само четири секунди до крајот, Расел Вестбрук одлично продре во противничката половина и постигна тројка од табла за израмнување.
А, таму Вестбрук продолжи во ист ритам и ги постигна сите девет поени за својот тим. Меѓутоа, ниту тоа не беше доволно за победа. Овој пат Орландо ја надополни негативата и со последните шест слободни фрлања стигна до ново продолжение. Новите пет минути, сепак, ѝ беа доволни на Оклахома за да на крајот слави со 129-136. Последниот обид на домаќините беа двете тројки кои ги блокираше Дурант. Токму тој и Вестбрук заедно постингаа 91 поени и по Џордан и Пипен од 1996 година се првите соиграчи кои постигнале барем по 40 гола на еден натпревар.

НБА Резултати: Феникс – Портланд 110-92, Хјустон – Голден стејт 92-112, Сакраменто – ЛА Лејкерс 132-114, Сан Антонио – Бруклин 102-75, Денвер – Минесота 78-95, Детроит – Чикаго 98-94 (пр), Бостон – Торонто 103-113, Милвоки – Вашингтон 113-118, Атланта – Шарлот 97-94, Орландо – Оклахома 136-139 (2 пр.), Кливленд – Мајами 102-92.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top