| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат полицаец во Тетово

Во Тетово на улицата „Цветан Димов“ во населбата Горна Чаршија, вчера претпладне, околу 10:20 часот, полициски службеник при вршење служба е физички нападнат од лицето Ј.А.(37) кој бил со возило по што го напуштил местото на настанот.

Осомничениот е пронајден, приведен и со него е извршен разговор во полицијата. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top