| четврток, 6 декември 2018 |

Заев призна дека ја нема поддршката од народот и бара одложување на изборите

zaev

Се потврдија сите информации дека СДСМ ја нема подршката од народот и дека на следните избори ќе доживее дебакл. Денес,кукавички но прецизно и јасно тоа го призна и Зоран Заев барајки одлозување на изборите, во изјава дадена за сдсмовската телевизија 24 вести.
Заев во изјавата бара одложување на изборите закажани за 24 април,и на тој начин признава дека СДСМ катастрофално лошо стои со подршката помеѓу јавноста, што го покажаа и последните анкети кои покажуваат дупло помал рејтинг на СДСМ во однос на ВМРО, и три пати поголема подршка на Груевски во однос на Заев.
Со оваа изјава Заев бара директно кршење на договорот од Пржино, договор кој го потпиша неговата партија.

Според Заев, проблемот на кој што се заглавени преговарачките тимови, се уште се надлежностите на министрите и замениците министри. Но според него роковите кои што се газат треба да го поместат и датумот на изборите- објави 24 вести
Ова е најголем доказ за демотивацијата и очајот кои владееат во СДСМ,каде се погласни се поделбите и тензиите помеѓу членовите, кои се свесни дека нивното раководство ги доведе до нов пораз, и тоа веке не може да се скрие колку и Заев, Шекеринска и Шилегов да се обидуваат да внесат некоја надеж во која ни самите не веруваат.
Заев со денешната изјава капитулираше.
Барањето на одложување на изборите го покажува кукавичкото лице на Заев, и ги демантира на дело сите лажни тврдења за некаква наводна сила на опозицијата.
Граѓаните ги прочитаа антидржавното однесување на СДСМ и нивното мрачно сценарио и не им даваат поддршка.
Барањето за одложување на изборите е доказ дека СДСМ губи, и тоа сигурно губи и со голема разлика губи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top