Новинарот Борјан Јовановски, меѓу најгласните поддржувачи на опозициската СДСМ, јавно преку социјалната мрежа „Фејсбук“ распали по поранешната негова колешка Катерина Цаневска, која сега е портпарол на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Јовановски преку статус на „Фејсбук“ директно ја обвини Цаневска дека ја злоупотребува Општина Центар за свои лични интереси и воедно ја повика да престане да го прави тоа.
Од досегашните коментари под неговиот статус може да се процени дека на пошироката јавност не ѝ е познато за што точно станува збор, но со сигурност може да се каже дека продолжуваат превирањата и несогласувањата во опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.