| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќето жители на Каталонија се против отцепување од Шпанија

povecheto-jiteli-na-kataluniq-sa-protiv-otdelqneto-ot-ispaniq-335215

Повеќето жители на шпанската автономна област Каталонија се против плановите за почнување политички процес за здобивање целосна независност од Шпанија во рамките на 18 месеци, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на социолошко истражување.
Во вторникот, партиите што сакаат отцепување на Каталонија предложија патоказ за независност, со тоа што во регионалниот парламент предадоа декларација за отцепување од Шпанија. Претстои одобрување на документот од локалниот парламент.
Новото истражување покажува дека пред регионалните избори поддршката за независноста на Каталонија е намалена од 45 проценти на 41 проценти. Освен тоа анкетата сведочи за намалување на поддршката кон премиерот на Каталонија, Артур Мас, кој минатата година се обиде да одржи референдум за независноста на областа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top