| четврток, 6 декември 2018 |

„Рајанер“ вози бадијала – авионските карти 9,99 евра

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ ја лансираше специјалната понуда на своите авионски билети по цена од 9,99 евра за зимскиот период. Од денеска до 2 ноември, „Рајанер“ продава 500.000 авионски карти за 370 европски линии по симболична цена од 9,99 евра.

Интернет-сајтот на компанијата се соочува со сериозни проблеми откако почна онлајн-продажбата во рамките на оваа специјална понуда, пренесува АФП.

Во зимскиот период патниците по минимална цена ќе може да се превезат од аеродромите Париз-Бове, во голем број градови како: Пиза, Рим, Пескара, Сарагоса, Валенсија, Мадрид, Порто, Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top