| четврток, 6 декември 2018 |

„Рајанер“ откажа 190 летови низ Европа

Ирскот нискобуџетска авиопревозника „Рајанер“ откажа 190 лета или 8 отсто од закажаните 2.400 за овој петок, поради штрајк на вработените во неколку европски земји, пренесува „Би-Би-Си“.

  • „Рајанер“ им се извинува на патниците – се наведува во соопштението на авиокомпанијата и се додава дека в петок ќе штрајкува персоналот во Шпанија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија и во Германија, со што ќе бидат погодени 30.000 патници.

Штрајковите се сè почести во оваа авиокомпанија основана во средината на 80-тите.
Синдикатот на вработените бара подобри услови за работа, како и договори за работа во склад со законите во земјите во кои живеат, со оглед на тоа што управата претежно ги склучува договорите по законите во Ирска, каде што ѝ е седиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top