| четврток, 6 декември 2018 |

Новите правила на „Рајанер“ ја вознемирија јавноста

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ ќе ја прекине долгогодишната практика на бесплатен багаж до 10 килограми, и од ноември оваа услуга ќе ја наплаќа помеѓу 6 и 10 евра.

Според новите правила, на патниците и понатаму ќе им биде дозволено во авион да носат „мала лична торба”, што треба да се стави под седиштето напред, но ако патникот сака да донесе кофер со средна големина, тежок до 10 килограми, тој ќе мора да плати, објави Ројтерс.

Таквата одлука беше донесена поради тоа што се случуваше да се одложи полетувањето на авионот, бидејќи патниците со себе носеа премногу багаж.

Патниците не ја примија добро веста за новите правила, за кои велат дека се комплицирани и само го поскапваат нивното патување, а остро реагираа и економските и воздухопловните аналитичари, пишува „Б92“. Тие се едногласни во заклучокот дека одлуката на „Рајанер“ е ризична и ригорозна.

„Визер“ пред неколку години го воведе истото правило, но лани го укина и компанијата се врати на стариот систем за дозволен багаж.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top