| четврток, 6 декември 2018 |

Роси не се предава, правдата ќе ја бара и на Спортскиот суд во Лозана

Целата моторциклистичка јавност деновиве е завртена кон инцидентот кој се случи на последната трка во МотоГП шампионатот во Сингапур каде деветкраткиот шампион Валентино Роси го отурна сеуште аткуелниот шампион Марк Маркез кој не ја заврши трката.
По овој настан Роси остана во трката за шампионската титула со седум бодови предност пред неговиот клупски колега Хорхе Лоренцо пред последната трка во Валенсија.
Сепак тој поради инцидентот беше казнет од раководните лица на МотоГП со тоа што во Валенсија треба да стартува од последното место што значи дека шансите за освојување на едно од првите две места кои со сигурност му ја носат титулата се сведени на минимум.
Иако Роси сеуште не ја добил конечната одлука за жалбата за ваквата одлука, одлучи правадата да ја бара и на Спортскиот суд во Лозана.
Тој објави дека со сигурност ќе се натпреварува во Валенсија и не се предава во борбата за шампионската титула, десетта во неговата кариера.
Тој е цврсто уверен дека не заслужил таква казна, па Роси сега е подготвен да го пренесе случајот и пред Спортскиот суд во Лозана. Роси е свесен дека нема премногу време со оглед на фактот дека трката во Валенсија ќе се вози следниот викенд. Како што пренесува „Газета дело спорт“, токму затоа Роси ќе поднесе жалба до Спортскиот суд без да го чека исходот на случајот, со надеж дека во Швајцарија ќе ја добие најважната битка.

Тој ќе бара целосно укинување на казната, што би му овозможило да ја стартува трката од она место за кое ќе се избори во квалификациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top