| четврток, 6 декември 2018 |

Физичкиот хендикеп не е недостаток, Наташа Ковачевиќ ѝ се враќа на кошарката

natasa kovacevic

Српската кошаркарка Наташа Ковачевиќ ќе биде првата која со инвалидитет ќе заигра кошарка на професионално ниво. Како што пренесуваат српските медиуми таа веќе подолг период тренинра со женскиот состав на Црвена Звезда и се наоѓа во одлична форма. Белградскиот тим и понудил договор, за кој согласност освен Ковачевиќ ќе мора да даде и српската кошаркарска федерација.
Како што наведуваат медиумите само неколку дена Ковачевиќ ја делат од историскиот момент, да игра кошарка без една нога.
Српската кошаркарка доживеа сообраќајна несреќа во 2013 година по која и беше ампутирана левата нога под коленото, а во несреќата животот го загубија тренерот и помошникот тренер на нејзиниот тогашен клуб Ѓер. Кошаркарската федерација на Франција и овозможи изработка на специјална протеза со која таа би можела без проблем да се движи на паркетот.
Наташа ја има целосната подршка од светската кошаркарска јавност, а до Ковачевиќ пристигна и поддршка од светската куќа на кошарката (ФИБА).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top