СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.С.(32) од с.Големо Илино демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовлстено навлегување во компјутерски систем.
Пријавениот на 25 август годинава, додека бил на гости кај неговата сестра, од нејзината чанта, одзел кредитна картичка од неговиот зет заедно со пинот, по што од повеќе банкомати во Битола вадел пари, а од бутик купил текстилна стока, причинувајќи материјална штета од 10.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.