Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен и Тони Јакимовски, национален координатор за борба против тероризмот денеска ја отворија конференцијата на тема „Превенција на насилен екстремизам и радикализација што водат кон тероризам преку полициско работење во заедницата (ПЕРТ)“, на која дискутираа претставници од МВР и странски стручњаци.
По една година од почетокот на реализација на овој проект, Република Македонија, информира координаторот Јакимовски, има добро обучени обучувачи за работа со полициските службеници за детектирање можни радикализации или населен екстремизам, кој може да доведе до тероризам. Според него, овој проект ќе даде позитивни резултати, посебно со џебното издание на прирачникот и со обучените полициските службеници кои ќе можат на терен да го препознаваат насилниот екстремизам и радикализам.
– Да се открие или да се превенира радикализам, насилен ектремизам или дури тероризам е мноту тешка работа. Најтешко е да се препознае во раната фаза. Сепак, мора да работиме на терен, затоа што тероризмот е една од глобалните закани што не ја одминува Република Македонија – рече Тони Јакимовски, национален координатор за борба против тероризмот.
Џебниот прирачник направен во рамки на проектот, смета тој, може да им помогне како алатка на полициските службеници во тоа рано препознавање. Во оваа фаза се оспособени четворица обучувачи и околу 20 полициски службеници од повисок ранг, кои пак исто така треба да го пренесат своете знаење на оние кои се на терен.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, нагласи амбасадорката Суомалаинен, е исклучително задоволна што може да даде поддршка во реализацијата на овој проект, со цел спречување на насилен екстремизам и радикализам кои водат до тероризам, како и актите кои произлегуваат од нив. Таа потенцира проектот ПЕРТ, меѓу другото, има за цел да им помогне на властите во превенција или детектирање на знаци на вакви појави.
– Овој проект е врз основа на европски модел, веќе спроведен во 17 европски држави со околу 150 обучувачи, кои имаат цел да им помогнат полициските службеници кои работат во заедниците да идентификвуаат можни знаци за тероризам или екстремизам, изјави амбасадорката на ОБСЕ Суомалаинен.
На новинарско прашање колку Македонија е плодно тло во насока на актуелната мигрантска криза, за тероризам или екстремизам, амбасадорката Суомалаинен посочи дека институциите на ЕУ и во реигонот соработуваат и разменуваат информации, бидејќи ова е битна работа и треба одблизу да се следи.
Меѓународниот експерт Жан Пјер Девос, во неговото излагање заклучи дека ПЕРТ проектот е многу важен затоа што им дава полициските службеници во првата линија на контрола во заедниците објаснување во однос на одредени чувствителни појави.
– Доколку сакаме да го избегнеме тероризмот, треба да го откриеме во рана фаза. Но за да го откриеме ни треба знаење и обука, а одговорот на тоа е ПЕРТ проектот – рече, меѓу другото, меѓународниот експерт Пјер Девос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?