| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција за превенција на насилен екстремизам и радикализација

terorizam

„Превенција на насилен екстремизам и радикализација што водат кон тероризам” е темата на националната конференција што ќе се одржи денеска, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта на конференцијата е да се зајакне капацитетот на полициските службеници во борбата против екстремизмот и да се подигне нивната свест за користа од примената на техники на полициското работење во соработка со заедницата, како начин за надминување на предизвиците на насилниот екстремизам.

На конференцијата ќе се обратат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен, и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top