| четврток, 6 декември 2018 |

Првични резултати на ДИК од вториот круг и прегласувањето

 Државната изборна комисија објави резултати од целосно обработени податоци за 27 општини каде што вчера се гласаше втор круг и две општини каде што се прегласуваше првиот круг. По сѐ изгледа втор круг ќе има во Долнени, каде што вчера на прегласувањето на едно избирачко место ниту еден од кандидатите не доби доволно гласови за победа во првиот круг. Сѐ уште не се целосно обработено податоците за општините Центар и Чаир, како и за Градот Скопје.

Еве ги резултатите во општините по азбучен ред:

Арачиново – Победи Брахим Ајваз од ДУИ со 52,11 проценти освоени гласови пред независниот кандидат Бастри Барјами со 47,14 освоени гласови.

Берово – Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Наџински, со 51,97 процент освоени гласови пред Звонко Пеќески од СДСМ со 45,77 проценти од гласовите.

Битола – Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, со освоени 54,93 проценти од гласовите, наспроти Менде Диневски од СДСМ со освоени 41,37 процент.

Богданци – Победи Анастасија Олумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 52,48 проценти освоени гласови пред Зоран Прочков од СДСМ 45,34 проценти.

Брвеница – Победи Енвер Пајазити од ДУИ со 51,92 процент од гласовите пред Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,93 проценти.

Бутел – Победи Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 65,13 проценти од гласовите, пред Коста Начевски од СДСМ со освоени 31,14 процент.

Велес – Победи Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 54,4 проценти освоени гласови пред Аце Коцевски од СДСМ со 43,41 проценти.

Врапчиште – Победи Бајрам Кадрија од ДУИ со 51,25 процент од гласовите пред Исен Шабани со 47,04 проценти.

Гостивар – Победи Невзат Бејта од ДУИ со освоени 50,5 проценти од гласовите пред Руфи Османи од НДП со 47,51 проценти.

Дебарца – Игор Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 51,59 процент пред Љупчо Којчиновски од СДСМ со 46,72 проценти.

Делчево – Победи Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ со 57,18 проценти пред Голупчо Ангелов од СДСМ со 37,54 проценти.

Ѓорче Петров – Победи Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 50,39 проценти од гласовите наспроти Александар Наумовски од СДСМ со освоени 46,43 проценти.

Јегуновце – Победи Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ со 54,97 проценти освоени гласови пред Дарко Блажески од СДСМ со 42,85 проценти

Кавадарци – Победи Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,66 проценти освоени гласови пред Бетијан Китев со 41,09 процент.

Карбинци – Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 58,78 проценти од гласовите пред Ристе Бањеглав од СДСМ со 37,75 проценти.

Карпош – Победи Стевчо Јакимовски од СНС со освоени 63,36 проценти од гласовите, пред Андреј Петров од СДСМ со 28,15 проценти.

Кочани – Победи Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 52,48 проценти, пред Миле Андонов од СДСМ со освоени 43,85 проценти од гласовите.

Куманово – Победи Зоран Дамјановски од СДСМ со освоени 50,77 проценти од гласовите пред Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 47,28 проценти.

Лозово – Победи Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ со 54,33 освоени гласови пред Ацо Велковски од СДСМ со освоени 43,64 проценти.

Могила – Победи независниот кандидат Стево Пивковски со 52,56 освоени гласови пред Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,24 проценти.

Ресен – Победи Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 64,91 проценти од гласовите пред независниот кандидат Димитар Бузлевски со освоени 35,09 проценти.

Старо Нагоричане – Победи Милован Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 51,98 процент од гласовите пред Власте Димковиќ од СНС со 45,34 проценти.

Студеничани – Победи кандидатот на ДПА, Азем Садику, со освоени 49,69 проценти од глаовите, односно 17 гласа повеќе од противкандидатот на ДУИ Фати Исени за кого гласале 49,49 проценти од гласачите.

Теарце – Победи Исен Асани од ДУИ со 55,87 проценти освоени гласови пред Рухан Илази од ДПА со 42,8 проценти.

Тетово – Победи Теута Арифи од ДУИ со освоени 55,54 проценти од гласовите пред Сади Беџети од ДПА со 41,93 проценти.

Чешиново – Облешево – Победи Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 55,75 проценти од гласовите пред Горанчо Крстев од СДСМ со освоени 41,54 процент.

Струга – Победи Зијадин Села од ДПА со 57,3 проценти, а Владимир Кочоски од ВМРО-ДПМНЕ 42,15 проценти.

 Во Скопје, од 93,47 проценти обработени резултати води Коце Трајановски со 60,3 проценти од гласовите, пред Јани Макрадули со 35,61 проценти.

Во Центар, од обработени 63,64 проценти од гласовите, Андреј Жерновски со 50,91 проценти е пред Владимир Тодоровиќ со 46,45 проценти.

Во Чаир, од обработени 82,26 проценти, води Изет Меџити од ДУИ со 63,97, а Мухамед Тачи од ДПА има 26,23 проценти.

Во Струмица по прегласувањето на три избирачки места на првиот круг од локалните избори победи Зоран Заев од СДСМ со освоени 51,56 процент од гласовите пред Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 45,85 проценти од гласовите.

Во општина Долнени по денешното прегласување на едно избирачко место победникот ќе се знае во вториот круг за две недели бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребниот број гласови. Во вториот круг одат Боше Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со 28,83 и Абдула Бајрамовски од ДУИ со 27,31 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top