Фудбалскиот Моцарт, Италијанецот Андреа Пирло, ги негира шпекулациите дека во зимскиот преоден рок ќе ги засили редовите на некој европски тим по завршувањето на обврските за неговиот тим во МЛС-лигата Њујорк Сити, барем до март додека почнува новата сезона.
– Нема да се вратам во Европа затоа што не би било фер кон мојот тим. Единствено на што размислувам засега е Њујорк и завршните тренинзи – изјави Пирло.
Регуларната сезона во американската МЛС-лига е завршена, а Њујорк сити не успеа да се пласира во плејофот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.