| четврток, 6 декември 2018 |

Автогол на Блинд како од „Монти Пајтон“, судијата го поништи поради офсајд (видео)

Daley

Невиден автогол си постигна играчот на Манчестер јунајтед, Дејли Блинд против Мидлсборо, но за негова среќа утката на годината не се смета, поради офсајд.

Блинд несмасно и изненадувачки сам си ја затресе мрежата во обид да ја избие топката, но претходно помошникот судија сигнализираше офсајд и го поништи автоголот.

Сепак, утка си е утка, а оваа на Блинд веројатно ќе конкурираше за најлош фудбалски потег на годината.

Погледнете го автоголот на холандскиот репрезентативец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top